За 44 грама марихуана, двајца струмичани добија цел месец притвор
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Струмица, осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
Двајцата соизвршители, на 8-ми февруари, од засега непознати лица, неовластено набавиле марихуана наменета за продажба.
Марихуаната, спакувана во 47 најлонски пакувања со вкупна нето маса од 44.516 грама и сместена во три патнички торби, ја пренесувале со автомобил „Шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки на патот Ресен – Битола.
Марихуаната ја пронашле полициски службеници од ОВР Ресен кои извршиле преглед на возилото.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор спрема осомничените, бидејќи постои опасност да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да влијаат врз можните сведоци и соучесници или да го повторат делото.
Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителот и донесе решение со кое определи притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Запленети околу четири тона марихуана во валандовско
Од страна на полициски службеници од Одделот…
Продолжен притворот за ќерката која со чекан…
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд…
Дилери затекнати при препакување марихуана во тетовско
Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…
Пронајдена марихуана кај девојче во средно училиште…
Осумнаесетгодишно девојче било приведено откако кај нејзе…
Таткото на Вања останува во притвор!
Александар Ѓорчевски– таткото на 14-годишната Вањa која…