За 50% зголемен бројот на Австријци кои живеат во сиромаштија

Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 лани, објави Државниот завод за статистика.
Според бројките презентирани од австриската статистика, луѓето погодени од сиромаштија не можеле да си дозволат многу секојдневни работи како кирија, греење или храна.
Децата и младите се релативно почесто погодени од сиромаштија отколку возрасните. Околу 5,3 отсто од луѓето на возраст под 18 години (88.000 луѓе) биле значително финансиски и социјално загрозени. Спротивно на тоа, 1,9 отсто од оние над 65 години (30.000 луѓе) се погодени.
Според австриските статистики, ризикот од сиромаштија остана во голема мера стабилен и покрај високата инфлација. Уделот на ранливите лица се зголеми за 0,1 процентен поен на 14,9 отсто или околу 1,3 милиони луѓе во Австрија.
41 отсто од самохраните родители и 31 отсто од семејствата со најмалку три деца се изложени на ризик од сиромаштија.
Според податоците, процентот на жители во ризик од сиромаштија би бил дури 42 отсто без државните социјални бенефиции.
„Зголемувањето на цените на храната, киријата и енергијата ја влоши состојбата на луѓето кои живеат во сиромаштија“, изјави австрискиот министер за социјални работи Јоханес Раух за австриската прес-служба „ОТС“, додавајќи дека тоа е срамно за земја како Австрија.
Министерот го оцени како загрижувачки растот на детската сиромаштија во Австрија.
„За мене е целосно неприфатливо децата да растат во сиромаштија“, посочи тој.
Податоците доаѓаат од истражување на околу 6.000 австриски домаќинства како дел од годишното истражување на ЕУ-Силц.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Австрија ги суспендираше сите тековни барања за…
Еден ден по падот на режимот во…
Атентат во Австрија, убиен градоначалник: Полицајците и…
Градоначалникот на Кирхберг, Франц Хофер е убиен…
Eден метар снег во Австрија на средина…
Снегот дојде рано годинава и од вчера…
Адвокатот на осомничениот за тероризам во Виена:…
Адвокатот на главниот осомничен за планирање на…
Македонија ја победи Австрија, но остана без…
Кадетската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва ја…