Зборуваат со мотороли и слушалки! Четворицата обвинети за убиството на Панче Жежовски снимени заедно ноќта пред убиството!

Со изведување на докази денеска продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Обвинителството презентираше снимки од куќата на Велибор Манев, каде сите четворицата обвинети Велибор Манев, Љупчо Палевски, Влатко Кешишев и Боре Видевски заедно го подготвувале убиството на Панче Жежовски.
Во продолжение опис на снимките презентирани од обвинителството:
– Траењето на целиот видео-запис е 1 час 7 минути и 21 секунда, видеото се однесува на 21.11.2023 година и во 20 часот 57 минути 36 секунди се гледа како пристигнува возило. Мало појаснување, видео-надзорот е обезбеден од камера 6, која го покажува преддворјето од куќата на Велибор Манев. Возилото паркираше, односно запре пред куќата. Во 20 часот 58 минути и 56 секундисе гледа лице кое излезе од возилото и кое влегува во дворот од куќата на Велибор Манев. За лицето што влезе во дворот од куќата обвинителството тврди дека е обвинетиот Боре Видевски, што и ќе се докаже со понатамошното презентирање на останатите видео-записи.
Следниот видео-запис се однесува на истиот ден 21.11.2023 година, вечерта пред убиството на Панче Жежовски. Овој видео-запис е обезбеден од камера 2 од куќата на обвинетиот Велибор Манев којапто камера го покрива преддворјето на неговата куќа, но од друг агол. Во 22 часот се гледа паркирано возило со регистарски ознаки ВЕ 1047 АЦ, возило Шкода Фелициа, сопственост на обвинетиот Боре Видевски. Ова е истото возило коешто го видовме на претходниот фајл, од кое излезе обвинетиот Боре Видевски. Во 22 часот се забележува како пристигнува возило Рено Кангу и од совозачкото возило излегува обвинетиот Влатко Кешишев, пуши цигара и се упатува кон капијата од куќата на обвинетиот Велибор Манев. Во меѓувреме се гледа како возилото Рено Кангу со таблички СК 403 УИ застанува исто така пред капијата од куќата на Велибор Манев и од возачкото седиште на возилото излегува обвинетиот Љупчо Палевски и истиот се упатува кон дворот од куќата на Велибор Манев каде позади капијата го пречека Кешишев.
Во 22 часот 26 минути и 11 секунди од дворот на куќата, во левиот агол на видеото се забележува обвинетиот Кешишев, се прекрстува со десната рака, во левата рака држи ранец. Во 22 часот 28 минути и 10 секунди се забележуваат обвинетиот Влатко Кешишев како излегува од дворот на куќата, а со него е и обвинетиот Влибор Манев, Кешишев става нешто во Рено Кангу од совозачката врата, а Велибор Манев во неговата десна рака држи два пластични празни галони. Потоа Велибор Манев се враќа назад кон куќата, а обвинетиот Кешишев влегува во Рено Кангу на возачко седиште , Кешишев пребарува нешто во возилото, Манев доаѓа до возачката врата, разговараат по што Велибор се упатува кон куќата. По него од возилото излегува и Кешишев и остнува да стои пред капијата на куќата по што Велибор Манев му подава нешто на Кешишев што изгледа дека се клучево од возилото и Кешишев го стартува возилото Рено Кангу, го преместува нанапред на улицата, а во тој манев, обвинетиот веројатно Велибор Манев од дворот на куќата го вади своето возило Мерцедес, по што во 22 часот 31 минута и 29 секунди се гледа како Мерцедесот поминува по улицата и се упатува во правец кон Велес, потоа се враќа од правецот кадешто беше заминат и во 22 часот 35 минути и 20 секунди Мерцедесот повторно се упатува во правец кон Велес.
Треба да се напомене дека кога доаѓа возилото Мерцедес пред куќата во 22 часот 34 минути и 50 секунди од десниот агол на видеото се забележува силуета на човек и фарови од светло, објасни обвинителката.
Во 22 часот 42 минути и 55 секунди се гледа како возилото Мерцедес доаѓа и паркира во својот двор. Во 22 часот 43 минути и 12 секунди Влатко Кешишев излегува од дворот, во левата рака држи нешто црно и се упатува кон возилото Рено Кангу. Потоа Велибор Манев излегува од дворот, држи две туби, сега наполнети и се упатува ко Кешишев и Рено Кангуто. Манев се враќа во куќата но во рацете не носи ништо , а во 22 часот 44 минути и 37 секунди и Кешишев се враќа кон куќата и тој во рацете не држи ништо.
Во 22 часот 44 минути и 49 секунди Кешишев излегува од дворот, по него доаѓа Велибор Манев, по него излегува обвинетиот Љупчо Палевски на кој се забележува дека во десното уво носи црна слушалка. Заедно со него излегува Манев кој носи ќеса и му ја предава на Кешишев, а по нив е и обвинетиот Боре Видевски во чие десно уво исто така се забележува дека има црна слушалка. Сите четворица излегуваат пред куќата, во 22.45 Кешиев се упатува кон возилото Рено Кангу, останатите тројца обвинети стојат пред капијата и разговараат. Се забележува дека Боре Видевски во левата рака држи нешто црно, претпоставка е дека тоа е радио-станица Моторола, поврзана со слушалката во увото. Во 22 часот 45 минути и 49 секунди тројцата се повлекуваат во куќата, Манев го внесува кучето во дворот, а на видеото се забележува како Палевски и Боре Видевски , но и Велибор Манев разговараат на микрофоните од радио-станицата, односно вршат тестирање дали сите функционираат. На видеото е забележливо дека Палевски на својата јакна има закачено микрофон, а истото го имаат и Велибор Манев и Боре Видевски.
Во 22 часот 49 минути 46 секунди сите тројца пешки тргнуваат по улицата во правец кон Велес. Од значење е да се потенцира дека во тој правец се наоѓа куќата на Панче Жежовски, што произлегува од исказот на неговата ќерка дека е соседи со Велибор Манев. Куќата на Велибор Манев се наоѓа на ул. Милан Бојмицалија број 20, додека куќата на оштетениот Панче Жежовски се наоѓа на истата улица број 1. Во 22 часот 56 минути и 12 секунди се забележува Кешиев како пешки се враќа од правецот кон кој претходно беше заминат и се упатува кон местото кадешто е оставено Рено Кангу, со кое се упатува во правец кон Велес. Во 23 часот 26 минути се забележува возило кое се доближува до паркираната Шкода Фелициа, се паркира до истата, се работи за возилото Рено Кангу. Од возилото излегуваат две лица, се доближуваат кон куќата. Кешишев пали цигара, а до него е Палевски кој зборува во микрофон кој го држи со десната рака, во 23 часот 27 минути и 50 секунди од правецот од Велес доаѓаат и Велибор Манев и Боре Видевски по што сите четворица стојат пред куќата и разговараат, а потоа тројцата обвинети влегуваат, додека Кешишев претходно се упати кон возилото Рено Кангу. Во 23 часот 28 минути и 50 секунди се враќа со кеса во десната рака, во левата рака држи туба и влегува во куќата на Велибор Манев.
Минута по полноќ Кешишев се упатува кон Рено Кангу, по една минута се враќа од местото каде е паркирано Рено Кангу, во десната рака држи ранец и во левата рака држи нешто црно. Во 00 часот 11 минути и 39 секунди, Палевски, Кешишев и Видевски излегуваат од куќата на Велибор Манев, сите тројца се упатуваат кон паркираното Рено Кангу, влегуваат во него, а во 00 часот 12 минути и 19 секунди и Манев излегува од дворот, се упатува десно пред куќата, а во меѓувреме возилото Рено започнува со движење, се упатува десно пред куќата и во 00.13.24 часот се завележува како Реното поминува пред куќата на Велибор Манев и се упатува во правец кон Велес. Шкодата на Боре Видевски останува пред куќата на Велибор Манев, а Манев во 00 часот и 14 минути влегува во својот дом.
Кратко потоа повторно излегува од куќата, ја затвора капијата и се упатува кон другиот влез од неговата куќа и влегува внатре.
Во 6 часот 38 минути на 22.11.2023 година, денот на убиството на Панче, се забележува дека возилото на Боре Видевски се уште стои пред куќата на Велибор Манев, а во 6 часот 38 минути и 49 секунди од правецот од Велес се забележува дека доаѓа возило и застанува пред возилото Шкода Фелициа. Од истото возило за кое подоцна ќе се утврди дека е Рено Кангу, излегуваат Палевски, Видевски и Кешишев, облечени се во истите јакни како и претходната вечер и се упатуваат кон капијата од дворот на Манев и сите тројца влегуваат внатре.
Во 7 часот 10 минути се забележува како Палевски излегува од куќата а по него доаѓаат Кешишев, Боре Видевски и сите тројца се упатуваат кон возилото Рено Кангу. Во 7.10.45 секунди од куќата излегува и Велибор Манев којшто на своето десно уво има црна слушалка и тој се упатува кон возилото Рено Кангу. Од видео-аписите може да се забележи дека Палевски носи јакна која на ракавите има бели траки, а исто така и обвинетиот Велибор Манев е облечен во тренерка која на ракавите има три бели траки.
Ова е од значење бидејќи на минатото рочиште беа презентирани видео зпаиси на коишто од камерите на Романтик кај Велес беше ззабележано дека две лица во возилата Цитроен и Рено на своите ракави имаа бели траки, објасни обвинителката.
Во 7 часот и 12 минути Велибор Манев пешки се упатува кон куќата на Панче Жежовски, а кратко потоа се забележува и Рено Кангу како се упатува кон истиот правец.
На камера 7 од куќата на Велибор Манев, поставена на куќата и го покрива дворот на истата со поглед кон улицата пред куќата на 22.11.2023 година се гледа како во 13 часот 38 минути и 49 секунди се гледа возило кое пристугнува од правецот од Велес, од истото излегува Велибор Манев, ја отвора капијата од дворот и се упатува кон неговата куќа. Две минути потоа излегува од куќата, влегува во неговото возило Мерцедес и истото го изнесува од дворот, го паркира десно од куќата, а на негово место во 13 часот 41 минута и 20 секунди се забележува Рено Кангу влегува во дворот, а по него влегува и Велибор Манев. Потоа Боре Видевски излегува и се упатува лево од куќата, каде цело време беше паркирано неговото возило, а Велибор Манев го препаркира Мерцедесот на местото на Шкодата.
Застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска од ОЈО Скопје, претседател на судечкиот совет е судијата Ивица Стефановски.
Сите понатамошни детали од презентацијата на доказите можете да ја следите на Инфомакс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре ќе се избираат 47 обвинители во…
На дневниот ред на 20. седница на…
Канцеларијата на Ковеши во Бугарија истражува злоупотреби…
Бугарската канцеларија на европското јавно обвинителство отвори…
Зборуваат со мотороли и слушалки! Четворицата обвинети…
Со изведување на докази денеска продолжи судењето…
Продолжува судењето за убиствата на Вања и…
Денеска во Кривичен суд треба да продолжи…
Ѝ пукале во глава додека клечела –…
Убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски…