Зголемени нивоата на реките, Треска речиси осум пати над ноемврискиот просек
Нивоата на реките се драстично зголемени по врнежи од дожд што изминатите денови ја зафатија земјава. На некои мерни места водостојот е речиси осум пати над просечните вредности за месец ноември.
Според денешните хидролошки мерења, најголем пораст е забележан на реката Треска кај Македонски Брод, каде водостојот е 90 сантиметри над нормалната кота.
Зголемени нивоа се регистрирани и на реката Вардар, особено кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, како и на Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања. Пораст има и на Црна Река кај Новаци, на Радика и на Црн Дрим кај Ложани.
Исклучок е реката Брегалница кај Берово, каде водостојот е 12 сантиметри под просекот за ноември.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на водата во Дојранското, Преспанското и Охридското Езеро е стабилно и во рамките на просечните вредности за месец ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемени нивоата на реките, Треска речиси осум…
Нивоата на реките се драстично зголемени по…
Левица повикува утре на протест пред фабриката…
Ве повикуваме во вторник на 31-ви октомври…
(Видео) Јанков: Градоначалник кој се плаши да…
Архитектот и член на Централниот комитет на…
Специјалист по медицина на трудот: Азбестот од…
Доктор Илчо Ефкоски, специјалист по медицина на…
Арсовска на состанок со Кризниот штаб: Да…
Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје…