Зголемувањето на минималецот е неизвесно

t

Новиот министер за економија Бесар Дурмиши најави дека уште на првата седница на економскиот социјален совет ќе се разгледува барањето на синдикалците за покачување на минималната плата од 450евра, уште во првите 100 дена од владата. Дурмиши изјави дека негов притет ќе биде зголемувањето на минималната плата и изнаоѓањето решение со коморите, трговците, увозниците и производителите на храна за стабилизирање на цените.

Бесар Дурмиши – Министер за економија

„Во рамки на економскиот социјален совет со кој сега ќе претседавам јас како минситер за економија и труд кое е највисокото тело составено од претставниците и од синдикатите, работодавачите, и од владата ќе започнеме дијалог за сите отворени прашања и од страна на синдикатите и од страна на работодавачите ќе пристапиме кон измена на спогодба на некој начин ќе ги ставиме, владата и реорганизацијата сега што се рај со новата влада значи ќе се формираат нови членови и ова прашање во првиот состанок ќе биде на маса и за дискусија. Мора да ги имаме во предвид интересите на работниците но и интересите на бизнис секторите.“

Од Сојузот на синдикатите на Македонија велат дека потребен е раст на платите веднаш. Според нив платите на работниците се зголемуваат минорно со забавено темпо и несоодветно, на инфлацијата и зголемените трошоци или воошто не се зголемуваат. Тие додаваат дека функционерите за нив си обезбедиле платите да им имаат пораст од 78 отсто.

Сојуз на синдикати на Македонија

„Работниците бараат достоинствен живот за себе и своите семејства ,тие се неопходен дел од процесот на создавањето на капиталот во компаниите и важен дел на општествените и економските односи во државата . Работниците бараат и очекуваат минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 денови на новата Влада како гаранција за заштита на најранливата категорија на населението како и за спречување на одливот на работната сила во Државите од регионот. “

Покачувањето на платите за газдите е неприфатливо.Тие повторно стравуваат дека во компаниите ќе се случи незадоволство кај одредени работници, па работодавачиоте велат дека ќе бидат приморани и на нив да им ја зголемат платата, а за тоа уверуваат дека пари нема.

Ангел Димитров – Организација на работодавачи

„Со такво покачување линеарно номинално на крај политичко покачување само ќе се предизвика поголем број работници да земаат минимална плата а просечната плата нема со ист претенд да расте затоа мислам дека ваквото покачување за нас е неприфатливо“

Според податоците Македонија споредбено со земјите во регионот има најниска минимална плата од 367 евра додека најголемата изнесува 1.253 евра во Словенија. Во Србија минималната плата е 423евра, во Црна Гора 450евра и во Албанија околу 390 евра. Барањето за покачување на минималната плата од 450 евра е барање на ССМ од 1ви мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице задржано во станица по убиството…

Министерството за внатрешни работи информира дека се…

Се сеќавате на Хакан Шукур? Ердоган му…

Хакан Шукур речиси една деценија не живее…

ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе ја…

Втор круг од парламентарните избори во Франција,…

Во Франција денеска се одржува вториот круг…