Здравствената состојба на Панчо се подобрува по пожарот во дискотеката „Пулс“
Здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, член на бендот ДНК, се подобрува по тешките повреди што ги претрпе во пожарот во дискотеката „Пулс“. После повеќе од 40 дена на интензивна нега, сега е преместен на оддел во болницата „Систина“ каде што ќе продолжи со лекувањето на изгорениците.
Обвинителството на 21 март соопшти дека и Блажев-Панчо е осомничен за пожарот во дискотеката „Пулс“, поради внесување на пиротехниката.
„За внесување и употреба на пиротехничките средства е осомничен и еден член на музичката група. Постои сомнение дека членовите на бендот околу 02:32 часот како дел од сценскиот настап и ефект ги активирале експлозивните материи – пиротехнички фонтани кои исфрлале искри во правец на плафонот над сцената од кои веднаш се опожарил кровниот дел од објектот и пожарот се проширил по целиот објект“, изјави Коцевски.
Пожарот, кој се случи на 1 март, резултираше со 62 загинати и 197 повредени лица, а осомничен за неговото предизвикување е еден член на бендот поради употреба на пиротехнички средства. Пожарот избувнал од искри од пиротехничките фонтани, кои ја запалиле конструкцијата на дискотеката. Осум членови од тимот на ДНК загинаа во трагедијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО не се откажува од гонење на…
Колку е сигурно Обвинителството дека бендот е…
Иницијатива за подигнување на споменик во чест…
Иницијатива за подигнување на споменик во чест…
За Панчо во моментов нема да се…
Државниот јавен обвинител вечерва во интервју на…
Здравствената состојба на Панчо се подобрува по…
Здравствената состојба на Владимир Блажев-Панчо, член на…
ШТО ПОБРЗО ДА ВИ СЕ ВРАТИ НАСМЕВКАТА…
Ана Костадиновска, која го придружуваше дуото ДНК…