Здравствените работници на протест: Бараат повисоки плати!
На протестот појаснија дека на клинички центар има медицински кадар, медицински сестри, техничари, административен кадар и лаборанти кои повеќе од девет години работат со договор на дело.
Покачување на платите за 30 отсто е главното барање на членовите на Независниот синдикат на здравствени работници (НСЗР) кои денеска протестираа пред Министерството за здравство. Најавија протест пред Владата на 2 декември доколку во меѓувреме не бидат повикани на средба во Министерството за здравство.
Националниот координатор на Независниот синдикат на здравствени работници, Боби Бојчевски, истакна дека бараат и менување на Колективниот договор, покачување на ефективниот додаток, како и воведување на бенифициран стаж за вработените.
-Се собравме тука за да се слушне гласот на здравствените работници, административно – техничкиот персонал и техничкиот персонал за поголема плата од 30 отсто, за менување на Колективниот договор, за покачување на ефективниот додаток, за бенифициран стаж за вработените – радиолошки технолози, радиолози, вработени во рендген институтите, докторите и медицинските сестри, нагласи Бојчевски.
Тој додаде дека бараат и бенифициран стаж за вработените во психијатриските болници, како и итна трансформација на сите вработени со договор на дело во здравствените институции на Здравствен дом Скопје и клиничките центри на цела територија на државата со цел да се задржат младите луѓе во државата.
И покрај тоа што денеска имавме опструкции од Клинички центар, од Синдикатот на клинички центар и од Државниот синдикат, ние сепак продолжуваме со протестите, истакна Бојчевски.
На протестот појаснија дека на клинички центар има медицински кадар, медицински сестри, техничари, административен кадар и лаборанти кои повеќе од девет години работат со договор на дело.
– За време на ковид пандемијата не поставуваа секаде дури и во КАРИЛ. Сите наши дежурства, сите наши вишок часови не беа платени. Работиме без здравствено осигурување, од 20 000 денари плата плаќаме сами 1800 денари здравствено осигурување, значи ние земаме 18 200 денари плата. Немаме право на одмор и на боледување, изјави Дијана Донова, медицисна сестра во Поликлиниката „Јане Сандански“ која работи со договор на дело пет години.
На протестот беше истакнато дека од петти октомври не се повикани на средба во Министерството за здравство и доколку не ги повикаат и во наредниот период, најавуваат протест за на втори декември пред Владата. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со три авиони и хеликоптер се интервенира…
Пожарот што веќе единаесетти ден е активен…
Бела куќа: Преговорите за прекин на огнот…
Портпаролот на Советот за национална безбедност при…
Повредено бебе: Го тепале неговиот татко додека…
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Папата Франциск повика на прекин на огнот…
Папата Франциск денеска изрази длабока загриженост поради…
Етна повторно еруптираше, затворен аеродромот во Катанија
Вулканот Етна еруптираше во текот на ноќта,…