Објавено на:

Зеленски бесен пред самитот на НАТО: Би било апсурд ако на Украина не и’ се понуди членство

t

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека би било апсурдно ако Украина не биде поканета да стане членка на НАТО и оти неизвесноста околу нејзиното членство е мотивација за Русија да продолжи со својот терор.

„Ги цениме нашите сојузници. Ја цениме нашата заедничка безбедност. И секогаш го цениме отворениот разговор. Украина ќе биде претставена на самитот на НАТО во Вилнус. Затоа што се работи за почитување“, напиша Зеленски на „Твитер“.

„Но, Украина заслужува почит. Сега, на патот кон Вилнус, добивме сигнали дека се разговара за одредени формулации без Украина.

Тој посочува дека оваа формулација е за „покана за членство во НАТО, а не за членство на Украина“.

„Тоа е без преседан и апсурдно кога не е поставена временска рамка ниту за поканата, ниту за членството на Украина. Додека во исто време се додаваат нејасни формулации за ‘условите’ дури и за покана на Украина“, напиша тој.

„Се чини дека нема подготвеност ниту да се покани Украина во НАТО ниту да стане членка на Алијансата. Тоа значи дека има можност да се преговара за членство на Украина во НАТО во преговорите со Русија. А за Русија тоа значи мотивација да продолжи со својот терор“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…

Бугари на големо купуваат имоти на Халкидики!

Бугарите плаќаат значителни суми за купување недвижности…