Зеленски: Верувам дека сите членки на ЕУ ќе го поддржат кандидатскиот статус на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека верува оти сите земји-членки на ЕУ ќе го поддржат предлогот Украина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ на самитот оваа недела.
„Верувам дека сите 27 земји-членки на ЕУ ќе не поддржат во стекнувањето кандидатски статус“, рече Зеленски во видео-изјавата пред студентите на Монк школата за глобални прашања и јавна политика во Торонто.
„Тоа е како да излезете од темнината во светлината“, додаде тој.
Заменик-премиерката на Украина задолжена за европски и евроатлански интеграции Олха Стефанишина денеска изјави дека е сигурна дека сите 27 земји од ЕУ ќе ја прифатат кандидатурата на Украина за членство на самитот оваа недела.
Стефанишина рече дека одлуката би можела да биде донесена утре, за време на првиот дел од дводневниот самит во Брисел.
Таа додаде дека земјите кои претходно беа скептични, Холандија, Шведска и Данска, сега го поддржуваат доделувањето кандидатски статус на Украина.
Извор: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Украина и Австрија ќе ја зајакнат соработката…
Министрите за надворешни работи на Украина и…
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…