Објавено на:

Зеленски: Верувам дека сите членки на ЕУ ќе го поддржат кандидатскиот статус на Украина

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека верува оти сите земји-членки на ЕУ ќе го поддржат предлогот Украина да добие статус на кандидат за членство во ЕУ на самитот оваа недела.

„Верувам дека сите 27 земји-членки на ЕУ ќе не поддржат во стекнувањето кандидатски статус“, рече Зеленски во видео-изјавата пред студентите на Монк школата за глобални прашања и јавна политика во Торонто.

„Тоа е како да излезете од темнината во светлината“, додаде тој.

Заменик-премиерката на Украина задолжена за европски и евроатлански интеграции Олха Стефанишина денеска изјави дека е сигурна дека сите 27 земји од ЕУ ќе ја прифатат кандидатурата на Украина за членство на самитот оваа недела.

Стефанишина рече дека одлуката би можела да биде донесена утре, за време на првиот дел од дводневниот самит во Брисел.

Таа додаде дека земјите кои претходно беа скептични, Холандија, Шведска и Данска, сега го поддржуваат доделувањето кандидатски статус на Украина.

Извор: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Не смееме да дозволиме непријателот да…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Украинците…

Русите влегоа во Авдеевка од нов правец,…

Руските трупи влегле во Авдеевка од нов…

Германската буџетска криза нема да пречи на…

И покрај буџетската криза со која се…

Зеленска: Ве молам не ја запирајте помошта

Украинската прва дама, Олена Зеленска во интервју…

Бугарскиот парламент контра Радев: Оружје во Украина…

Бугарскиот парламент го отфрли ветото што претседателот…