Објавено на:

Зеленски воведе санкции за сирискиот претседател Башар ал Асад

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции против сирискиот претседател Башар ал Асад, стои во декретот објавен денеска на веб-страницата на украинскиот претседателски кабинет.

Во документот се наведува дека Асад подлежи на замрзнување на имотот и голем број други мерки.

Рестриктивни мерки се изречени за уште 300 физички и 141 правно лице. Повеќето од оние на списокот со санкции се руски државјани, но во него има и голем број ирански државјани. Рестрикциите влијаат на руските компании за истражување и производство, бродоградба и воздухопловство. На списокот се и неколку ирански компании.

Санкциите предвидуваат замрзнување на имотот, воведување ограничувања на комерцијалните трансакции и транзит на ресурси, забрана за учество во приватизацијата во Украина, престанок на извршувањето на економските и финансиските обврски кон санкционираните и конфискација на украински државни награди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Косово губи 400 милиони евра поради санкциите…

Пратеничката на Демократската партија, Аријана Мусљиу-Соши, истакна…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Путин: Западот „си пукаше во нога“ со…

Ограничувањата ефективно доведоа до тоа Русија да…