Зеленски воведе санкции за сирискиот претседател Башар ал Асад
Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции против сирискиот претседател Башар ал Асад, стои во декретот објавен денеска на веб-страницата на украинскиот претседателски кабинет.
Во документот се наведува дека Асад подлежи на замрзнување на имотот и голем број други мерки.
Рестриктивни мерки се изречени за уште 300 физички и 141 правно лице. Повеќето од оние на списокот со санкции се руски државјани, но во него има и голем број ирански државјани. Рестрикциите влијаат на руските компании за истражување и производство, бродоградба и воздухопловство. На списокот се и неколку ирански компании.
Санкциите предвидуваат замрзнување на имотот, воведување ограничувања на комерцијалните трансакции и транзит на ресурси, забрана за учество во приватизацијата во Украина, престанок на извршувањето на економските и финансиските обврски кон санкционираните и конфискација на украински државни награди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД најавуваат нови царини кон Канада и…
Портпаролот за трговија на САД, Џејмисон Грир,…
САД ги вратија санкциите врз руската нафта
Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, дозволи…
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ: Ги молам нашите руски пријатели да…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека знае…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…