Зеленски: Војната во 2024 ја чинела Украина 100 МИЛИЈАРДИ долари
Воениот конфликт во Украина во 2024 година ја чинеше Украина повеќе од 100 милијарди долари, од кои 60 отсто обезбедија САД и ЕУ, изјави шефот на украинската држава, Володимир Зеленски.
„Не можеме да го изгубиме сојузот на Соединетите Американски Држави и Европа кога станува збор за поддршката на Украина. Но, не можеме да заборавиме каков придонес дава Украина. Војната, во смисла на обезбедување одбранбени сили, ја чинеше Украина повеќе од 100 милијарди долари во 2024 година“, рече тој на заедничката прес-конференција со британскиот премиер Кир Стармер.
Како што прецизираше, од нив 40 милијарди долари е придонесот на Украина, 35 милијарди долари од САД, а 25 милијарди долари од Европа.
Инаку, Зеленски и британскиот премиер, кој е во посета на Киев, потпишаа договор за стогодишно партнерство меѓу Украина и Велика Британија. Како што е најавено, документот ќе ги продлабочи билатералните односи во одбранбениот сектор, а дополнително се предвидува и натамошна воена помош за Киев. Детали од договорот не беа соопштени.
Зеленски претходно во интервју за „Фокс њуз“ рече дека Украина ќе продолжи да се бори без поддршка од САД, но дека на крајот ќе ја изгуби војната доколку САД престанат да ја финансираат војската.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…
Зеленски ќе се сретне со Бајден
Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…