Зеленски го осуди обидот за атентат врз Трамп како политичко насилство

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го осуди „политичкото насилство“ по наводниот обид за атентат врз републиканскиот претседателски кандидат на САД, Доналд Трамп.

„Политичкото насилство нема место никаде во светот“, наведе Зеленски на мрежата Х, додавајќи дека е „добро што осомничениот за обид за убиство брзо бил уапсен“.

Зеленски не ја коментираше поврзаноста на осомничениот со Украина, што беше објавено од некои медиуми.

Агенти на американската тајна служба отвориле оган врз лице вооружено со полуавтоматска пушка, кое го вперило оружјето кон голф-клубот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Флорида додека тој играл голф.

Трамп е неповреден и безбеден, соопшти полицијата, а Федералното истражно биро (ФБИ) го истражува инцидентот како „обид за убиство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…

Дали Меланија Трамп го прекрши протоколот за…

Католичката црква е позната по строгите правила…