Зеленски го отфрли брзото решение на Трамп за конфликтот во Украина

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја отфрла можноста за “замрзнување” на конфликтот со Русија. Тој изјавил дека таквото сценарио не е можно, дури и откако Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, сака брзо да стави крај на војната во Украина. Сепак, Киев нема намера да се предаде или да ги замрзне воените акции, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски, објавија западните медиуми.

Трамп знае за мојата желба да не брзам на сметка на Украина. Државата долго време се борела за својот суверенитет. Без оглед на тоа колку претседатели или премиери би сакале да го објават крајот на војната, ние немаме намера едноставно да се предадеме и да се откажеме од нашата независност”, изјави Зеленски за време на разговор со “Le Parisien”. Според претседателот на Украина, “замрзнувањето” на војната и брзото постигнување на договор со Русија носат ризик.

За време на кампањата, Трамп често изразуваше скептицизам за понатамошната поддршка за Украина и повикуваше на брз крај на војната, нагласувајќи ја важноста за намалување на трошоците за САД. Неговиот пристап предизвика загриженост кај украинските власти, кои стравуваат дека новата администрација би можела да ја намали поддршката, која е од клучно значење за одбраната на Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски музичари ќе нè забавуваат на Плоштад…

На новогодишната ноќ, на плоштадот „Македонија“ во…

ДПИ: Цените на производите од „новогодишната кошница“…

Од мониторингот кај трговците на мало (маркетите)…

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…