Објавено на:

Зеленски: Го прашав Орбан зошто не поддржува влез на Украина во ЕУ

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски откри дека го прашал унгарскиот премиер Виктор Орбан во Аргентина за статусот на неговата земја за пристапување во ЕУ.

Зеленски е убеден дека европската финансиска инјекција од 50 милијарди евра, на која Орбан стави вето, наскоро ќе пристигне во Киев, заедно со посилна поддршка од другите сојузници.

„Работиме на тоа“, рече Зеленски на годишната прес-конференција. Зеленски кажа дека одлуката на ЕУ за отворање на пристапните преговори е голема победа за Украина.

„Во Аргентина го прашав Орбан зошто не поддржува да влеземе во ЕУ. Не можеше да ми каже. Можеби неговата политика не е многу пријателска кон Украина, иако сме соседи и имаме заеднички предизвици“, рече Зеленски.

Спорд написите во медиумите, отворањето на преговорите за пристап во ЕУ го зајакна моралот на Украина, особено кога земјата се соочува со втора зима од целосна руска инвазија. Но, Киев се бори и со тешка економска ситуација, бидејќи се уште чека финансиска поддршка од над 100 милијарди евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагрдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…

45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…