Објавено на:

Зеленски и Лавров во иста просторијa

t

Се очекува денес на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации украинскиот претседател на состанокот на Советот за безбедност да се сретне со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, што би се случило прв пат од почетокот на конфликтот во Украина.

За денес е планирана и средба на Зеленски со германскиот канцелар Олаф Шолц. Тема на разговорот ќе биде украинското барање за германски проектили „таурус“, за што Шолц досега молчи.

Патувањето на украинскиот претседател во седиштето на Обединетите нации во Њујорк би требало да биде обид да ги придобие неутралните земји.

Вчера во ОН почна заседанието на Генералното собрание. Се очекува до вторник, со пауза во недела и понеделник, над 140 шефови на држави и влади да одржат говори. Се очекува конфликтот во Украина да биде во фокусот во голем дел од говорите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лавров ја објави главната закана која доаѓа…

Главната закана доаѓа од силите на Запад…

ОН: 14.000 деца ќе умрат во Газа…

Шефот на службата на ОН за хуманитарна…

Грција го презема претседавањето со Советот за…

Поморската безбедност, заштитата на цивилите во услови…

Само Македонија и Чешка гласаа во ОН…

На седницата на Советот за човекови права…

Траги-комедија! Вучиќ им се извини на граѓаните…

Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Србија денеска…