Објавено на:

Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на дронови

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека со американскиот претседател Доналд Трамп разговарал, меѓу другото, за купување американско оружје и системи за воздушна одбрана, како и за потенцијална соработка меѓу Киев и Вашингтон во производството на беспилотни летала.

Лидерите разговарале за „купување американски системи за воздушна одбрана што ќе ги заштитат нашите градови, нашите луѓе, цркви и инфраструктура“, а Зеленски истакна дека Украина е подготвена да ги поддржи американските производители на оружје, потенцијално со европска помош.

„Разговаравме и за потенцијалот за заедничко производство на беспилотни летала. Можеме да се зајакнеме еден со друг“, напиша  Зеленски на социјалната мрежа ИКС.

Тој рече дека го информирал Трамп за разговорите меѓу украинската и руската делегација во Истанбул, како и за размена на затвореници и тела на убиените, додавајќи дека разговарале и за постигнување вистински мир во Украина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Америка го бомбардираше Иран, објави Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава, во…

Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…

Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…

Голем пад на рејтингот на Трамп

Од март оваа година актуелниот претседател на…

Брижит Макрон и Доналд Трамп не го…

Првата дама на Франција Брижит Макрон предизвика…

(ВИДЕО) Откриено што му шепнала Меланија на…

Меланија Трамп мораше да интервенира и да…