Зеленски му наложил на украинското МНР да воспостави контакти со новата влада во Сирија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно редовно видео обраќање до нацијата изјави дека му наложил на Министерството за надворешни работи на Украина да воспостави контакти со новата влада во Сирија.
-Му наложив на нашето Министерство за надворешни работи да работи поактивно на воспоставување на сите потребни контакти со претставниците на народот на Сирија и да ги исправи грешките на Асад во однос на Украина и цела Европа, рече Зеленски.
Тој додаде дека Украина ќе ја поддржи сириската програма за храна.
-Ова е нашата морална предност – Украина им помага на многу земји да обезбедат нормалност на нивните животи, особено во однос на безбедноста на храната. Ни треба овој регион, како и секој друг регион во светот, да биде стабилен и мирен, посочи Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Претреси во Скопје, пронајден амфетамин
На територијата на Скопје, вчера и денеска,…
Вардар не се шегува, го потпиша и…
Фудбалерот од средниот ред, Димитар Тодоровски, е…
Тajланд се приклучи на БРИКС!
Тајланд ја прифати поканата да стане земја…
Чалханоглу: Ме бараше Баерн, но сакам да…
Фудбалерот на Интер, Хакан Чалханоглу истакна дека…
Зеленски му наложил на украинското МНР да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно…