Зеленски негира дека украинските сили се опколени во Курск
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили продолжуваат со операции во руската област Курск и дека не се соочуваат со опколување, иако борбите во регионот се интензивни, јави Скај Њуз.
„Групирањето на руските сили јасно покажува дека Москва продолжува да ја игнорира дипломатијата“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, додавајќи дека Украина останува подготвена да ги информира своите партнери за ситуацијата на фронтот и по должината на границата.
Истовремено, украинскиот лидер соопшти дека неговата земја успешно тестирала нова ракета со дострел од 1.000 километри. „Ракетата „долгиот Нептун“ беше тестирана и успешно искористена во борба“, рече Зеленски, истакнувајќи дека ова е значаен чекор за украинската одбрана.
Ако оваа информација се потврди, Украина би добила способност да гаѓа цели многу подалеку од досегашниот максимален дострел на американските ATACMS ракети од 300 километри, што би можело да има значајно влијание врз воената состојба, наведува британскиот медиум.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…
Зеленски ќе се сретне со Бајден
Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…