Зеленски нема да учествува на самитот на Г-20 во Индонезија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека нема да учествува на претстојниот самит на Г-20 во Индонезија доколку на него присуствува и рускиот претседател Владимир Путин.
Зеленски во Киев, по средбата со грчката претседателка, изјави дека бил поканет од индонезискиот претседател Јоко Видодо да учествува на самитот од 15 до 16 ноември, пренесуваат британските медиуми.
-Мојот личен став и ставот на Украина е доколку на самитот учествува претседателот на Руската Федерација, тогаш Украина на него нема да учествува. Ќе видиме како ќе биде, рече Зеленски.
Украинскиот претседател претходно денеска изјави дека во телефонски разговор со индонезискиот претседател разговарал за подготовките за Самитот на Г20 и договорот за извоз на храна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…
Зеленски ќе се сретне со Бајден
Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…