Зеленски никогаш нема да се согласи да ја предаде територијата на Русите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски подготвува јасен ултиматум за следната фаза од мировните преговори со Русија – Украина нема да се откаже од ниту еден дел од својата територија во замена за мир. Ова го изјави главниот украински преговарач и најблизок соработник на Зеленски, Андриј Јермак, во ексклузивно интервју за американското списание „Атлантик“.
„Ниту еден нормален човек денес не би потпишал документ со кој се откажува од територијата“, рече Јермак.
Тој нагласи дека Зеленски нема да потпише ниту една спогодба која подразбира територијални отстапки: „Уставот го забранува тоа. Никој не може да го стори тоа без да оди против украинскиот народ“.
Украинскиот тим побара средба со американскиот претседател Доналд Трамп овој викенд, но тој најпрво го испратил својот пратеник Виткоф во Москва за разговори за ревидираните услови со Кремљ.
Руската страна, пак, преку министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, најави дека нема да отстапи од своите главни барања, меѓу кои се и територијалните претензии кон Донецк и други региони на истокот и југот на Украина.
Трамп и Путин последен пат разговараа за условите за мир во август во Алјаска. Планираната средба во Будимпешта во октомври пропадна откако Лавров зазеде непопустлив став на подготвителните преговори со Марко Рубио, кој го советувал Вашингтон да не продолжува со нов претседателски самит.
Мировниот процес повторно се активираше овој месец, во момент кога масовен корупциски скандал го наруши рејтингот на Зеленски во Украина и на Запад. Истрагата на Националното биро за борба против корупција откри случаи на изнудување и перење пари во висина од околу 100 милиони долари, во кои се вмешани владини функционери и поранешен бизнис-партнер на Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски никогаш нема да се согласи да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски подготвува јасен ултиматум…
Крим, Донецк и Луганск се главно прашање…
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека правното…
Путин: Русија е подготвена да потврди дека…
Русија е подготвена да потврди дека нема…
„Волстрит журнал“: Германија подготвува воен план за…
Германските вооружени сили изработуваат сеопфатен оперативен план…
Руте: Војната меѓу Русија и Украина би…
Војувањето меѓу Русија и Украина би можело…