Објавено на:

Путин: Русија е подготвена да потврди дека нема намера да ја нападне Европа

t

Русија е подготвена да потврди дека нема намера да ја нападне Европа, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

„Едно е да се каже генерално дека Русија нема намера да ја нападне Европа… Никогаш немавме намера, но ако сакаат да чујат од нас, нека го евидентираме тоа, без никакви прашања“, изјави Путин за новинарите, пренесува РИА Новости.

Тој истакна дека, доколку украинските трупи не се повлечат од одредени територии, Русија ќе го постигне тоа со воени средства.

Зборувајќи за конфискацијата на рускиот имот, Путин рече дека тоа би била кражба на туѓ имот и дека сите зборуваат за тоа.

Владимир Путин денес изјави дека Русија се согласува планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина да биде основа за иден мировен договор.

Путин истакна дека нема нацрт-мировен план за Украина, туку дека тоа е само збир прашања предложени за преговори, објави Спутник.

Рускиот претседател рече дека по преговорите во Женева во недела и понеделник, Соединетите Американски Држави и Украина одлучиле дека сите 28 точки од планот на Трамп треба да се поделат на четири компоненти.

„Сето ова ни е пренесено и генерално се согласуваме дека ова може да се користи како основа за иден договор“, рече Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…

Кина потврди дека се водат разговори за…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…