Објавено на:

Зеленски објави: Добил покана да присуствува на самитот на Г-20 иако Украина не членка

t

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на Твитер објави дека индонезискиот претседател Јока Видода го поканил на Самитот на Г-20, што се одржува кон крајот на годината во Индонезија.

Украина не е членка на Г-20, но лидерите на Групата ќе ја поканат Украина да присуствува на собирот.

Г-20 претходно ја осуди руската инвазија врз Украина. Неколку земји-членки на Г-20 повикаа на исклучување на Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин од Самитот на Бали во ноември, но Индонезија, која претседава со Г-20 наведе дека е прерано да се одлучи.

Индонезискиот министер за финансии Шри Мулјани Идравати призна дека Г-20 се соочува со невидени предизвици, но повика на соработка за надминување на пречките кои го забавуваат глобалниот раст.

Минатата недела на состанокот на министрите за финансии на Г-20 во Вашингтон, претставниците на САД, на Велика Британија и на Канада ја напуштија салата кога зборуваа руските претставници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црна Гора испраќа војници во Украина!

Црногорскиот парламент усвои одлука за испраќање припадници…

Меџити од Одеса: Силно ја осудуваме руската…

Вицепремиерот Изет Меџити денеска учествуваше на Самитот…

Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…

Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…

Украина врати група воени заробеници во Русија

Украина ја врати втората група руски војници…

ВОЗНЕМИРУВАЧКО! Украински војник ослободен од руско заробеништво…

Суровоста и нехуманото постапување кон воените заробеници…