Зеленски побара итни преговори меѓу полската и украинската влада за деблокирање на границата

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повика на итни разговори меѓу неговата влада и полскиот претседател Анджеј Дуда, премиерот Доналд Туск и Европската унија за да се реши блокадата на полско-украинската граница од гневните полски земјоделци, велејќи дека само Москва има корист од тензијата, јавија западните агенции.

-Ја замолив нашата влада да оди на границата меѓу нашите две земји што е можно поскоро, до 24 февруари (втората годишнина од почетокот на руската инвазија), рече украинскиот претседател во видео обраќањето, барајќи истото да го стори и полскиот премиер Доналд Туск.

„Само Москва е среќна поради оваа тензија меѓу двете сојузнички земји“, посочи Зеленски и додаде дека Киев е подготвен да најде прагматично решение.

Полските земјоделци се лути од увозот на евтино украинско жито, забележуваат британските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митески да одговори каде се ветените нови…

Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром…

„Запознај ја Преспа“ од 11 до 13…

„Meet Prespa“ или „Запознај ја Преспа“ е…

Апасиев: Фасцинантна е вашата ароганција и креативност…

Собраниската седница денеска беше одложена за еден…

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ: Понижени работници…

За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и…

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…