Зеленски потврди: Украина „има намера да користи Атакамс за напади врз руска територија“

t

Володимир Зеленски потврди дека Украина добила дозвола од Запад да користи ракети со долг дострел за напади длабоко на руска територија.
„Сега, кога се донесени соодветни одлуки, не само во медиумите, туку кога одредени земји ги донесоа, многу е важно заедно со овие одлуки да имаме можности да го намалиме воениот потенцијал на Русија, каде и да е рече Зеленски на прес-конференција со данскиот премиер Мет Фредериксен.
Тој исто така рече дека има намера да користи ракети Атакамс за напади на руска територија.


„Украина има способност да изведува напади со долг дострел, домашно произведуваше беспилотни летала со долг дострел, сега имаме ракети „Нептун“ со долг дострел и не само тоа. Сега имаме и Атакам и сето тоа ќе го искористиме“, истакна Зеленски, одговарајќи на прашање за можна употреба на ракетите Атакамс за напади врз Русија.

Сепак, тој не потврди дека ракетниот напад со „Атакамс“ бил извршен врз областа Брјанск.
Како што претходно соопшти руското Министерство за одбрана, вооружените сили на Украина синоќа извршија напад со шест балистички ракети „Атакамс“ врз Брјанската област. Руските системи за противвоздушна одбрана соборија пет проектили, еден е оштетен. Во нападот нема жртви или материјална штета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски потврди: Украина „има намера да користи…

Володимир Зеленски потврди дека Украина добила дозвола…

Шолц: Разговорите со Путин за Украина беа…

Разговорите со рускиот претседател Владимир Путин беа…

Борел: Киев доби дозвола од САД за…

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика…

Володин се закани: Ќе користиме оружје што…

Односите меѓу Русија и САД ќе бидат…

Зеленски: Русија ја нападна енергетската инфраструктура на…

Русија лансираше околу 120 проектили и 90…