Зеленски пристигна во Лондон на средба со Стармер

Авионот на украинскиот претседател Володимир Зеленски слета на аеродромот Станстед во Лондон, каде што тој ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер пред утрешниот самит на европските лидери.
Попладнево се очекува Стармер и Зеленски да се сретнат во Даунинг стрит, пишува Скај Њуз.
Украинскиот претседател утре ќе присуствува и на голем самит во Лондон, а Стармер во Лондон ги покани и лидерите на Германија, Данска, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Шпанија, Турција, Финска, Шведска, Чешка и Романија, јави Танјуг.
На состанокот се очекува да присуствуваат и генералниот секретар на НАТО Марк Руте и претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, Урсула фон дер Лајен и Антонио Коста.
Зеленски е во Британија еден ден по конфликтот со американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот во Овалната соба, по што европските лидери изразија поддршка за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…
Зеленски ќе се сретне со Бајден
Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…