Зеленски: Притисокот врз рускиот агресор мора да се зголеми, санкции и против руската нуклеарна индустрија
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска, откако беше официјално објавено дека Европската унија го воведе десеттиот пакет санкции против Русија, изјави дека сега треба да се воведат санкции против „Росатом“, руската државна корпорација за атомска енергија.
„Десеттиот пакет санкции се насочени кон руската воена индустрија, пропаганда и финансиски систем. Притисокот врз рускиот агресор мора да се зголеми. Очекуваме решителни чекори против Росатом и руската нуклеарна индустрија, а очекуваме и поголем притисок врз војската и банкарството“, напиша Зеленски на Твитер.
Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел утрово соопшти дека ЕУ со новиот 10-ти пакет санкции против Русија опфати повеќе од 120 физички и правни лица и вовела значителни ограничувања на увозот и извозот со цел уништување на „руската воена машинерија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…
Зеленски ќе се сретне со Бајден
Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…