Зеленски сака да го види Путин пред судот во Хаг: Да му се суди за воени злосторства
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во седиштето на Меѓународниот кривичен суд изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да биде осуден за „неговите злосторнички акции“.
– Сите сакаме да видиме еден поинаков Владимир овде во Хаг, оној кој заслужува да биде санкциониран за неговите криминални дејствија, во главниот град на меѓународното право. Сигурен сум дека тоа ќе се случи кога ќе победиме, истакна Зеленски.
Меѓународниот кривичен суд во март издаде налог за апсење на претседателот Путин поради сомневање дека е одговорен за депортацијата на децата од Украина.
Зеленски е во ненајавена посета на Холандија. Тој синоќа пристигна на аеродромот Амстердам-Шипхол од Хелсинки, каде присуствуваше на Самитот на нордиските земји.
Предвидено е Зеленски да се сретне и со холандски парламентарци, како и со холандскиот премиер Марк Руте.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни…
Двајца руски војници се приведени под сомнение…
Косово ќе ја тужи Србија за злосторства…
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека…
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Путин најави одговор за влезот на Финска…
Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…