Зеленски: Сега САД треба да ја убедат Русија да го прифати примирјето
Претседателот на Украина Володимир Зеленски кажа денес дека 30-дневниот прекин на огнот договорен на состанокот на Украина и Соединетите Американски Држави во Саудиска Арабија ќе стапи на сила веднаш ако Русија го прифати, пренесува Ројтерс.
„Украина е спремна да го прифати овој предлог – ние тоа го гледаме како позитивен чекор и спремни сме да го преземеме. Сега САД треба да ја убедат Русија да го направи истото“, порача тој на социјалната мрежа Икс.
Украина денес се согласи да прифати 30-днеден прекин на огнот во конфликтот со Русија за време на преговорите со американските функционери во Саудиска Арабија, соопштија двете земји во заедничка изјава.
Американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека сега ќе ја пренесе оваа понуда на Русија и дека топката сега е кај Русија.
Претседателот на САД Доналд Трамп кажа дека се надева дека Русија ќе се согласи на планот за прекин на огнот кој го договориле американските и украинските функционери и дека ќе дојде до состанок на САД со Русија подоцна денес или утре, пренесува Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска го фати жив Ѓорѓиевски: На УСЈЕ…
Добро утро Орце Ѓорѓиевски. Незгодно ми е…
Брутален руски напад на Киев – најмалку…
Најмалку 15 лица се убиени, а 114…
(Фото) Закани кон родителите од Кочани: Не…
Продолжува голготата за родителите на починатите деца…
(Видео) Необична светлина над Шар Планина: Жител…
Жител на Брезовица вчера вечерта забележал и…
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…