Зеленски: Сега САД треба да ја убедат Русија да го прифати примирјето
Претседателот на Украина Володимир Зеленски кажа денес дека 30-дневниот прекин на огнот договорен на состанокот на Украина и Соединетите Американски Држави во Саудиска Арабија ќе стапи на сила веднаш ако Русија го прифати, пренесува Ројтерс.
„Украина е спремна да го прифати овој предлог – ние тоа го гледаме како позитивен чекор и спремни сме да го преземеме. Сега САД треба да ја убедат Русија да го направи истото“, порача тој на социјалната мрежа Икс.
Украина денес се согласи да прифати 30-днеден прекин на огнот во конфликтот со Русија за време на преговорите со американските функционери во Саудиска Арабија, соопштија двете земји во заедничка изјава.
Американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека сега ќе ја пренесе оваа понуда на Русија и дека топката сега е кај Русија.
Претседателот на САД Доналд Трамп кажа дека се надева дека Русија ќе се согласи на планот за прекин на огнот кој го договориле американските и украинските функционери и дека ќе дојде до состанок на САД со Русија подоцна денес или утре, пренесува Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трајанов: Сега е времето да ги бараме…
Националниот координатор за борба против тероризмот, Павле…
НАТО го засили воздушното набљудување над Бугарија…
Авионите за рано радиолокациско откривање и контрола…
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
Македонските аеродроми рушат рекорди
Аеродромите рушат рекорди и тоа е резултат…
Мицкоски: Од длабок минус дојдовме до точка…
Индустриското производство е позитивно и тоа е…