Зеленски: Се’ додека трае војната, потребна ни е помош
Светската помош за Украина би била доволна кога војната ќе заврши, но додека тоа не се случи нешто секогаш ќе недостасува, рече украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
„Дали е доволна помошта од светот за Украина? Ќе ви го кажам ова: ако војната беше завршена, ќе беше доволно. Се додека трае војната, ништо не може да биде доволно. Тоа значи дека секогаш нешто недостасува. Помошта не е само оружје, тоа е и информативна поддршка и хуманитарна помош“, изјави украинскиот претседател во интервју за Глобо, а пренесува Укринформ.
Според него, по завршувањето на војната ќе биде потребна помош за обнова на Украина, медицинска и психолошка рехабилитација на луѓето, политичка помош.
„Многу е важно Украина да победи. Важно е населението на Украина да преживее, а Украина да ги брани глобалните и европските вредности“, нагласи Зеленски.
Тој смета дека се додека луѓето во светот се обединети, постои шанса да се воспостави мир и да се избегне Трета светска војна.
Одговарајќи на прашањето зошто темата за руската војна против Украина е толку често поврзана со САД, Зеленски нагласи дека Вашингтон и дава најголема помош на Украина.
Како што беше претходно објавено, американското Министерство за одбрана на 25 јули објави дополнителен пакет воена помош за Украина, кој предвидува итна испорака на оружје и опрема од залихите на Пентагон, вклучувајќи ракети за Patriot, NASAMS, HIMARS и други системи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија претпоследна во Европа по минимална плата
Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…
Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…
Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…
Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…
На денешен ден, 17 јуни, пред точно…
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…