Објавено на:

Зеленски се налути: На Русите им ги понудивме сите опции за спас на војниците од Мариупол – Тие не одговараат

t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски попладнево даде изјава, откако Русија објави дека го освоила Мариупол, освен челичарницата Азовстал, која е опколена од руските сили.

Зеленски рече дека 120.000 цивили се блокирани во Мариупол и дека не можат да го напуштат градот.

Тој рече дека „Украина и ги понудила сите опции на Русија за да обезбеди безбедно минување на војниците и цивилите подалеку од Мариупол“, но дека се уште го чека одговорот на Русија.

Претходно, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Москва го контролира поголемиот дел од Мариупол, но дека украинските војници се наоѓаат во подземни бункери во фабриката за челик Азовстал. Украина тврди дека со нив се и околу 1.000 цивили.  (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…

Зеленски им порача на критичарите „да одат…

Од лидерот беше побарано да одговори на…

Зеленски му пријде на Орбан очи во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…

Зеленски ќе се сретне со Бајден

Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…