Зеленски: Украина го скрши рбетот на руската армија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата војска нанела сериозна штета на руските вооружени сили и покрај падот на клучниот пристанишен град Мариупол.
Украина го „скрши ‘рбетот” на руската армија, рече Зеленски во телевизиско интервју.
– Нема да може да застане на нозе во следните неколку години, рече тој.
Неговата изјава дојде откако последните 2.400 украински борци од Мариупол се предадоа.
Киев ќе го врати сето тоа назад, рече тој, додавајќи дека Украина ќе се врати на линиите на фронтот од пред 24 февруари, кога Русија изврши инвазија.
– Тоа ќе значи дека не нè покорија и дека ние ја браневме нашата земја, рече Зеленски, но нагласи дека тоа ќе биде многу тешко и дека ќе следи дипломатија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Зеленски го повика Западот на обединет фронт…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…
Зеленски им порача на критичарите „да одат…
Од лидерот беше побарано да одговори на…
Зеленски му пријде на Орбан очи во…
Претседателот на Украина Володимир Зеленски и премиерот…
Зеленски ќе се сретне со Бајден
Двајцата лидери ќе разговараат за заеднички воени…