Зеленски ја обвини Москва дека си „игра со животите на украинските затвореници“

t

Од друга страна, Русија соопшти дека нема преживеани откако, како што тврдат, украинските сили го собориле авионот Ил-76 со 65 украински воени заробеници, шестмина руски членови на екипажот и тројца чувари. Москва тврди дека Украинците биле во авионот заради размена на затвореници.

Украинската воена разузнавачка служба соопшти дека не и било кажано да осигура безбеден воздушен простор, како во претходните прилики на трансфер на воени заробеници.

Во своето видео обраќање доцна синоќа, Зеленски рече дека „очигледно е дека Русите си играат со животите на украинските затвореници, со чувствата на нивните роднини и со емоциите на нашето општество“.

Зеленски, кој денеска го откажа планираното регионално патување поврзано со неговиот роденден, нагласи дека „мора да се утврдат сите факти“.

Вчерашните изјави на украинската воена разузнавачка служба се сметаат, според Би-Би-Си, за премолчено признание дека го соборила воениот транспортен авион, иако нагласи дека нема веродостојни информации за тоа кој бил во авионот.

Генералштабот на Украина првично соопшти дека авионот превезувал ракети за руските системи за воздушна одбрана С-300. Тој не ги спомна воените заробеници.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска повтори дека украинците го собориле авионот, окарактеризирајќи го како „монструозен чин“. Тој вели дека заробениците биле превезувани кон Белоградската област со цел со Украина да се изврши размена на затвореници. Вчера размената беше откажана. Тој дополни дека „никој не може да каже“ како овој инцидент ќе влијае на програмата за размена на заробеници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руските медиуми за војната меѓу Иран и…

Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…