Земал 300 евра мито за да не пише казна, па го фатиле со бележани пари

t

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар, во содејство со криминалистичката полиција на СВР Битола, на патот меѓу село Света и село Единаковци, на подрачје на Демир Хисар, го уапсиле Д.Т.(58) од Демир Хисар, вработен во Шумска полиција во Демир Хисар, осомничен за сторено кривично дело по чл.357 од КЗ „примање поткуп”.

МВР информира дека Д.Т. од лице од Демир Хисар побарал пари, а за возврат да не постапи односно да не санкционира незаконско работење.

Откако му биле побарани пари, лицето го пријавило случајот во СВР Битола и му биле дадени крим-технички обработени пари, кои тој му ги дал на Д.Т.. Веднаш откако му биле предадени парите, Д.Т. е лишен од слобода и кај него се пронајдени 18.000 денари кои потекнуваат од кривичното дело. Д.Т. е приведен во полициска станица Битола и против него ќе следува кривична пријава, појаснуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО поднесе кривична пријава за инспекторката од…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Т.(60)…

Поранешниот претседател на Перу е осуден на…

Алехандро Толедо е осуден за примање мито…

ГЛУМЕЛЕ ПОЛИЦИЈА СО РОТАЦИИ, ЗАСТАНАЛЕ ЗАТВОРСКИ ПОЛИЦАЕЦ…

Страшен настан го потресе Скопје, но не…

(Видео) Пијан полицаец направи хаос во Варшава

Маж, за кој подоцна беше утврдено дека…

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО: Прво барал рушвет, па сега…

Новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица,…