ОЈО поднесе кривична пријава за инспекторката од Куманово фатена како зема мито од 4.000 евра
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Л.Т.(60) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.
„Пријавената, овластен градежен инспектор во општина Куманово, на 01.11.2024 во угостителски објект во Куманово била затекната како прима поткуп. Имено, на 25.09.2024 граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1500 евра, за да на 31.10.2024 ја покачи сумата за поткуп на 4000 евра“, велат од полицијата.
Инспекторката потоа беше фатена со обележаните пари кои ги примила од бинизменот, по што беше уапсена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двегодишно дете се затруло со лекови во…
Уште еден случај на затруено дете во…
Ѓоко Ристов негира вина за пронајдените 350.000…
Во Кривичниот суд започна судењето против суспендираниот…
(Видео) Снимен обид за барање мито од…
На инстаграм се појави видео снимено на…
(Видео) Во Куманово се одржа собир за…
Голем број граѓани денеска се собраа во…
Притвор за судски полицаец и службеник за…
Основниот кривичен суд Скопје ја информира јавноста…