Земјите на Брикс со повисок економски раст од Г7 во 2024 година

Земјите од БРИКС се сметаат за петте најголеми економии во развој во светот, а проектираниот развој на дел од членките на оваа групација далеку ги надминува оние на земјите кои и припаѓаат на групацијата Г7, кои традиционално се сметаат за најразвиени економии, анализира Пари.мк
Првично, терминот БРИК го користеа економистите кога зборуваа за економиите во развој на Бразил, Русија, Индија и Кина, а групата се прошири за да ја вклучи Јужна Африка од 2010 година.
Кина има најголемиот БДП меѓу БРИКС државите, од 16,86 трилиони американски долари во 2021 година, додека другите се под три трилиони. Заеднички, блокот БРИКС има БДП над 25,85 трилиони американски долари во 2022 година, што е малку повеќе од Соединетите Американски држави.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги објави прогнозите за раст на реалниот бруто-домашен производ (БДП) за 2024 година, и додека глобалниот раст се предвидува да остане стабилен на 3,2%, различните големи нации забележуваат опаѓачки прогнози.
Проекциите за економскиот раст на ММФ за големите нации се мешани, при што повеќето земји од Г7 и БРИКС се предвидува дека ќе имаат побавен раст во 2024 година во споредба со 2023 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: САД ќе воведат санкции за земјите…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повторно предупреди…
Трамп: Русија треба повторно да биде примена…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би…
ТРАМП ЗА БРИКС: Нема шанси да го…
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно им се…
BRICS Pay – БРИКС бара алтернатива на…
Русија и другите земји на БРИКС очекуваат…
Трамп: Сто проценти царинa за земјите од…
„Идејата дека земјите од БРИКС се обидуваат…