Земјите од ЕУ потрошиле 6,5 милијарди евра на играчки во 2023 година

t

Земјите-членки на Европската Унија минатата година увезле играчки во вредност од 6,5 милијарди евра, објави „Еуростат“.

Во пресрет на божиќните празници, статистичкиот завод на ЕУ сподели податоци за увозот на играчки од 27-те членки во 2023 година.

Минатата година увозот на играчки во ЕУ е намален за две милијарди евра во споредба со годината претходно. Кина останува главниот снабдувач, со 5,2 милијарди евра вредност на играчки увезени во ЕУ, што претставува 80 отсто од вкупниот увоз.

По Кина следат Виетнам со 367 милиони евра и Велика Британија со 150 милиони евра. Најголем увозник е Германија со 18 проценти, потоа Франција со 16 проценти и Холандија со 14 проценти.

Покрај увозот, земјите од ЕУ минатата година извезле играчки во вредност од 2,3 милијарди евра. Чешка предводи со 29 отсто од извозот, а по неа следуваат Германија со 19 проценти, и Белгија со осум проценти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…

ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…