Земјотрес во Албанија ја стресе и Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2024 година во 11 часот и 00 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 119 километри југозападно од Скопје, во соседна Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Македонија, во Струга и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…
Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…