Земјотрес е почуствуван во западниот дел на Македонија – ова се деталите!

t

Нешто пред 23 часот и 40 минути земјотрес со јачина од 3,2 степени според рихтер е почуствуван во западниот дел на Македонија.

Земјотресот бил со епицентар во Елбасан, Албанија.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 27.02.2024 година во 23 часот и 37 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 127 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката, во Дебар и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…

Хрватска планира да ги зголеми средствата за…

Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…

На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…

Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа

Бидејќи и вака се пласира од страна…

Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…

Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…