Земјотрес рано утрово во Словенија

t

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Словенија утрово нешто пред 04:00 часот, соопшти националната сеизмолошка служба.
Земјотресот, кој е регистриран во 3 часот и 37 минути утринава, најмногу бил почувствуван во Горењска, бидејќи епицентарот на земјотресот бил на приближно осум километри југозападно од Шкофја Лока, јавуваат словенечките медиуми.


Како што соопштија од Агенцијата за животна средина, според првите податоци, земјотресот го почувствувале жители на цела Словенија.
„Проценуваме дека интензитетот (ефектот) на земјотресот не го надмина петтото ниво според Европската скала за земјотреси (EMS-98)“, се вели во соопштението на агенцијата.
Засега нема извештаи за евентуални штети од овој земјотрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Пратеник на СДС се качи на…

Пратеникот на словенечката опозициска партија СДС, Андреј…

Во Словенија украдена статуата на Меланија Трамп

Полицијата во Словенија го истражува исчезнувањето на…

Словенија стравува од поплави и одрони по…

Во Словенија денеска паѓа пороен дожд, поради…

Дете удри во дрво и загина на…

Дете трагично го загуби животот денеска на…

Земјотрес во БИХ, почувствуван и во Хрватска…

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…