Зетот на Африм Гаши загинал во Сирија како припадник на ИСИС?

t

Садула Алили, македонски државјанин вработен во општина Чаир заминал за Сирија откако бил радикализиран од идеологијата на Исламската Држава (ИСИС), каде во една од борбите со државните сили го загубил својот живот.

Садула Алили, претходно бил вработен во Министерството за одбрана, а откако бил избркан од тоа работно место во време на тогашниот градоначалник Изет Меџити бил вработен во општина Чаир. Оттаму, по краткиот работен ангажман нелегално заминува во Сирија и се приклучува на терористичката организација ИСИС.
Кратко по заминувањето, го губи својот живот во судир со државните безбедносни сили.

Од МВР и од МНР до овој момент одбиваат да комуницираат со Инфомакс и да одговорат на прашањата поставени во врска со лицето Садула Алили.

Садула Алили инаку е зет за сестра на актуелниот претседател на Собранието Африм Гаши, бивш претседател на Алтернатива и коалиционен партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.
Сестрата пак на Гаши е вработена како педагог во училиштето „Имри Елези“ поранешно „Никола Вапцаров“ во општина Чаир.

Африм Гаши беше мета на неодамнешниот инцидент во Собранието на Р.Македонија кога дозволи и се приклучи на спроведување на исламски верски обред во салата „Борис Трајковски“, молејќи се за жртвите во Сребреница со што го прекрши Уставот со кој е востановена секуларност во државата, но и на законите и Деловникот за работа на Собранието.

Пратениците на „Левица“ најавија барање за интерпелација за Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран егзекутира деветмина членови на ИСИС виновни…

Иран егзекутираше девет членови на таканаречената Исламска…

САД ќе го намалат бројот на американски…

САД ќе го намалат бројот на своите…

Албанец од Косово осуден за членство во…

Министерството за правда на Соединетите Американски Држави…

Европската унија ги укина економските санкции против…

Европската Унија ги укина економските санкции врз…

ЕУ одлучи да ги укине економските санкции…

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија попладнево…