Објавено на:

ЗЛАТНИ ДЕЦА: Украина е на колена, Македонија со голема победа обезбеди место во финалето!

t

Македонските кошаркарски надежи ја исполнија главната цел на Европското првенство Б-дивизија за играчи до 19 години – се пласираа во А-дивизија! Иако имаа две шанси за тоа, ја искористија уште првата, вечерва во полуфиналето против Украина, со триумф со 66-53, што значи растоварени, со потцртана иднина, утревечер ќе играат и за пехарот на ова натпреварување, кое се одржува во Скопје.

Дека ќе продолжи низата победи и на петиот натпревар едноподруго, почна да се насетува дури во завршницата на првиот период, кој беше сиромашен со поени, а Македонија „го затвори“ сопствениот обрач на три и пол минути до крајот. Украинците не успеаја да поентираат, а за тоа време црвено-жолтите направија серија од 9-0 и ја презедоа контролата со 15-8 на малиот одмор.

Добрата игра продолжи и на стартот од втората четвртина, па на Украина ѝ требаа нови три и пол миунти додека, конечно, постигне кош, но за тоа време Македонија ја зголеми серијата до 14-0, а набргу потоа поведе и со највисоки 24-10. Следуваше најпроблематичниот период во нашата игра, со неколку технички грешки и непрецизни шутови од далечина, поради што Украина се доближи на само минус три (24-21).

Сепак, не дозволивме противникот целосно да се размавне, а уште тогаш Резарт Мемед најави дека ќе биде играч на мечот, вадејќи ја нашара репрезентација од кризата со два врзани коша. По две четвртини предноста беше изразена со 33-25, што се покажа одлична основа за еден контролиран меч во второто полувреме.

Никола Василев навремено комбинираше, играта беше стабилна, а Украина не успеа никогаш да се спушти под шест поени. Иако шутот за два беше најочајниот дел од играта на Македонија, функционираше одбраната, транзицијата и контра-нападот, меѓутоа и ударот за тројка на Мемед. Со шест тројки од 10 обиди, нашиот бек ги откажа Украинците и беше главиот фактор што, речиси, во цела четврта четвртина предноста остана двоцифрена.

Тој заврши со 24 поени, а во отсуство на повредениот капитен Андреј Митревски, сигурни беа Теодор Симиќ и Амар Хот, првиот со осум поени и 11 скока, вториот со дабл-дабл од 12 коша и 11 скока. Со оглед на тоа дека првите три селекции од ова првенство Б-дивизија се пласираат во елитата, Македонија веќе го исполни поважниот дел од мисијата, па утре од 18.30 ќе се бори за освојување на турнирот во Скопје, против подобриот од второто полуфинале, Чешка – Шведска (вечерва од 21ч.).

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР: 11 македонски државјани заглавени во Израел,…

По денешното повторно затворање на воздушниот простор…

Пентагон: Историската операција во Иран ја извршија…

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, зборувајќи…

Филипче: Подадов рака за вистински реформи во…

Правдата беше едно од клучните ветувања на…

Вкупно 11 македонски државјани чекаат евакуација од…

По денешното повторно затворање на воздушниот простор…