Златото од почетокот на годината поскапе 28%
Цените на златото се зголемија за повеќе од 28 отсто оваа година, поттикнати од силната побарувачка од централните банки и инвеститорите во период на зголемени геополитички тензии, објави Светскиот совет за злато (WGC).
„Оваа година со златото се тргуваше по просечна цена од 22 отсто повисока од минатата година, а во третиот квартал вкупната побарувачка за првпат надмина 100 милијарди долари“, соопшти WGC.
Како што проценуваат, цените треба да растат и во следната година, но по „умерено“ од годинава, пренесува Хрпортфолио.
„Побарувачката за инвестиции оваа година беше поттикната од геополитичките ризици и остри флуктуации на бројните регионални финансиски пазари“, објасни WGC.
Исто така, треба да се додаде дека во поголем дел од третиот квартал, западните инвеститори се вратија на златото, откако централните банки почнаа да ги намалуваат клучните каматни стапки.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Економијата покажува знаци на стабилизација и…
Економијата се стабилизира од пустошот и хаосот…
Инфлацијата повторно расте – храната поскапе, а…
Инфлацијата во Македонија во мај се искачи…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
Инфлацијата ја јаде платата, народот го плаќа…
ПАД НА ПРОФИТОТ НА ВИЗЕР откако петтина…
Компанијата Виз Ер објави дека годишниот профит…
Алиса во земјата на чудата – Мицкоски:…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува…