Златото ќе го замени доларот како главна валута
Игор Сечин, извршен директор на Роснефт, најголемата руска нафтена компанија, изјави дека глобалниот енергетски сектор е сцена на хибридна војна.
– Најголемиот ривал на доларот ќе биде златото, кое човештвото го користело за платежни илјадници години, рече Сечин во говорот на 17-от Евроазиски економски форум, одржан во Рас Ал Хамија во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Тој оцени дека светот влегол во процес во кој Соединетите Американски Држави го загубија лидерството во научната, технолошката, индустриската и финансиската област.
– Ова доведе до пад на американската економска и трговска доминација. Се намалува и неспорното влијание на САД врз политичките процеси во светот. Користејќи ја позицијата на глобална доминантна сила, САД се потпираат на создавање посебни услови за сопствената економија на сметка на другите учесници на пазарот, вклучително и нивните сојузници, рече Сечин
Тој додаде дека политиката на САД довела до економски конфликти, како и до нестабилности на Блискиот Исток, во Украина и други региони.
– Стравот на доминантната сила од појавата на алтернативни глобални центри на моќ неизбежно води до војна со нив. Оваа војна започна и се води на различни начини во различни области, од конфликт на некои места до хибридна војна во други, без разлика дали е технологија , климата, финансиите, трговијата или културата, рече Сечин.
На крајот, тој посочи дека во споменатата војна свој удел имал и енергетскиот сектор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ќе издвојува поголем буџет за одбрана…
Хрватска планира да ги зголеми средствата за…
Владата го одобри Бесник Ферати за заменик-директор…
На денешната седница, Владата го одобри назначувањето…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Трамп: Израел нема капацитет да го уништи…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека „секогаш…
Мелони објави дека достигнала 4 милиони следбеници…
Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денес објави…