Знаеш дека си од Скопје кога синоним за благо ти е – Апче, за брза храна – Чичко Стоилко, за пиво – Скопско

t

Култните „Апче“ и „Кај чичко Стоилко“…се чини, како да се безвременски синоним за Скопје – она старото Скопје по кое многумина ги фаќа носталгија.

Старите скопјани редовно се навраќаат на спомените кои им будат убави чувства кон едно друго време и едно поинакво Скопје.

Во едно се согласни повеќето стари скопјани!

Знаеш дека си од Скопје и го сакаш безрезервно кога:

1. Досие Скопје ти е омилена емисија.

2. Знаеш каде се наоѓала твојата куќа пред земјотресот (и ужасно си горд на тоа).

3. Идеш на боза и еклери у Апче.

4. За време на викенд идеш на прошетка на Водно.

5. Се пронаоѓаш у колумна на Трендо.

6. Те радуе секоја песна у која се спомнува Скопје, а најдрага ти е песната Скопје од Леб и Сол.

7. Знаеш дека у петок навечер ќе потрошиш повеќе време барајќи паркинг отколку што ќе се журкаш

8. Ги знаеш сите градски “фаци“ кои оставиле свој печат на Скопје

9. Идеш на скара кај Жабарот.

10. Си ја поминал барем еднаш во животот Партизанска цела, пешки!

11. Го сакаш Скопје, зошто после дожд мириса на липи.

12. За време на летниот период фонтаната кај бившо „Стоилко“ ти личела на нудистичка плажа.

13. Навиваш за Вардар.

14. Велиш „ај у град на кафе“

15. Славиш 13 ноември!!

16. Уште велиш да се се чекате кај Рекорд, Нама, Ванила, Кенан

17. Ако си излегувал у Таверна,23ка,Турист,Бони, Ани, Аполон, Алпино, Корнер, Булевар, Малибу, Уна, Мусандра,Матиник,МЦМ(MCM)…

18. Ако како мал те носеле во циркус Медрано на ливадата во Карпош

19. Синоним за благо ти е – Апче, за брза храна – Чичко Стоилко, за пиво – Скопско

20. Ги знаеш сите скопски фрази

Сите овие „правила“ по кои се познаваат вистинските скопјани всушност се споделени од самите граѓани кои гаат безрезервна љубов кон главниот, но и нивен роден град, град на детството, на младоста, на убавиот живот…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кичевско риболовно друштво организираше хуманитарен настан за…

Риболовното друштво „Хантер Фиш Кичево“ организираше куманитарен…

Зеленски на ручек со кралот Чарлс Трети

Претседателот Зеленски се сретна со кралот Чарлс…

Мерц: Нема причинa да ги критикуваме Израел…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека нема…

Спасовски: Со акробации во Собрание ВМРО-ДПМНЕ го…

Денеска се одржа седница на Комисијата за…

Словенечкa протетичарка ќе им помага на повредените…

Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски денеска се…