Знам дека нашите граѓани сакаат да бидат дел до ЕУ, убеден е Ковачевски
Нема да биде лесен патот на нашата држава до челнство во Европската Унија, истакна премиерот Димитар Ковачевски.
„Нема да биде лесно на тој пат. Знам дека донесовме тешки одлуки. Тие тешки одлуки ги носеа граѓаните и политичарите. Јас бев тој којшто учествуваше во разговорите за кревање на бугарското вето, тие разговори не беа лесни ниту за македонските граѓани, ниту за мене. Јас неколку пати кажав, чувството кое го имав го имаа истото чувство и го делам истото чувство со сите мои сограѓани, како некој со нож да ве сече во стомакот, но на крајот мора да се донесе одлука. Таа одлука беше со крената глава, со чист македонски јазик, со заштитен идетитет, со историски прашања надвор од преговарачка рамка да ги отпочнеме преговорите“, истакна премиерот.
Ковачевски додаде дека повторно кога би требало да носи ваква одлука, би ја донел истата заради тоа што на тој начин, според него, граѓаните ќе добијат подобар живот и ќе станат побогати.
„И да треба пак да ја носам одлуката, пак ќе ја донесам истата одлука, зошто? Затоа што другиот концепт за оваа држава не понуди никаква алтернатива. Тоа што тие го нудат да имаме горд и сиромашен народ кој ќе седи на мала маса изолиран тука во државата, раскаран со сите соседи без отпочнати преговори со ЕУ. Знам дека нашите граѓани сакаат да бидат дел од ЕУ, да се дел од заедница на држави во кои има економски просперитет во кои има социјална правда и владеење на демократијата. Знам дека на патот нема да е лесно, но награда е подобар живот и побогати граѓани на нашата држава“, потенцираше Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Главчев за Македонија: Не е нормално земја…
„Денеска ќе бидам на самит во Брисел…
Турција ќе добие уште една милијарда евра…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Албанија отвори уште еден кластер во преговорите…
Денеска во Брисел се одржа третата меѓувладина…