ЗНАМ ќе има двајца кандидати за градоначалници и советнички листи во 50 општини

t

ЗНАМ одржа прес-конференција на која беа соопштени одлуките на Извршниот и на Централниот одбор во врска со претстојните локални избори.

-Движењето ЗНАМ за Наша Македонија ќе настапи самостојно на претстојните локални избори со свои листи за советници во повеќе од 50 општини. Централниот одбор ја усвои одлуката за взаемна соработка и поддршка со ВМРО-ДПМНЕ во делот на кандидатите за градоначалници.

Оваа одлука значи дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ и во тие општини нема да имаат свој кандидат за градоначалник, а од друга страна Движењето ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО ДПМНЕ во сите општини, вклучувајќи го и градот Скопје, каде што ЗНАМ нема да има свој кандидат за градоначалник.

За кандидат за градоначалник на Општина Куманово едногласно е избран Максим Димитриевски, актуелен градоначалник на општина Куманово. За кандидат за градоначалник на Општина Центар едногласно е избран Мирослав Лабудовиќ претседател на Градската организација Скопје на Движењето ЗНАМ и актуелен Заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини – рече портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНАМ ќе има двајца кандидати за градоначалници…

ЗНАМ одржа прес-конференција на која беа соопштени…

ДУИ објави уште неколку кандидати за градоначалници,…

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ),…

Горан Минчев е избран за шеф на…

На седница на Централниот одбор на ЗНАМ,…

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се…

„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот привезок ЗНАМ се колаборационисти.…

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа…

Изјава за медиуми на Љубица Јанчева, координатрока…