СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија
Изјава за медиуми на Љубица Јанчева, координатрока на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.
– Ако на некој досега не му беше кристално јасна криминалната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и привезокот од ЗНАМ, денес на седница на Советот на град Скопје тоа стана кристално јасно.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ денес ја повлекоа сопствената точка за дискусија од дневниот ред на Советот на град Скопје бидејќи доцна забележаа дека во нивната предложена точка имаат побарано дискусија за „дивоградби во општина Сарај и други општини во градот Скопје“.
Откако сфатија дека советниците на седницата на Советот на град Скопје ќе имаат можност да дискутираат и за дивоградбите во Сарај но и во Чаир и другите општини, кренаа бунт за да ја спречат седницата која сами ја бараа.
Што крие Мицкоски и кого штити Панче Тошкоски?
Зошто свесно советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ влегуваат во одбрана на криминалци кога тие добиваат само трошки од матните зделки на Мицкоски, Ганиу и Меџити?
До кога ВМРО-ДПМНЕ ќе владее со урбаната мафија во Скопје и во државата?
Колку пари се доволни за да се задоволат апетитите на Мицкоски, Ганиу и Меџити и да се престане со ставање на животите на граѓаните во опасност? – вели Јанчева.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…
ВМРО-ДПМНЕ: Во куќата на Заев во Грција…
„Во куќата на Зоран Заев во Грција…
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…